Има ли подобро, има ли поголемо срце од нашето МАКЕДОНСКОТО вечерва, насекаде низ светот, планетава…
Ауууу каква ноќ, каква ноќ во Палермо.
Па луѓе што е ова!?
Можно ли е ова чудо, ова светско чудо оваа наша Македонија. Овие наши златни момци овие „убијци“ на нашите срца, овие момци кои ни го донесоа големото славје, победа, финале…. Ете сега светот нека чуе за нас Македонците…! Им напраивме фудбалски чалам кај италијанците. Кај аѕирите, кај познатата „сквадра“, кај нив на нивни терен.
Вакво плескање, вакво удирање од земја не им се случило. Солзи, лелеци, плачки… Не им се верува се чудат. На „Ренцо Барбера“ се пшее „Бисер Балкански…“, се радуваат оние во црвено-жолтите боди. Хероите на теренот, навивачите на трибините, ФФМ во ложата но и ние новинатрите врескаме. Како да не врескаш. Ова е сега и можеби нема утре.
Ова е момент на слава, на счлавје на задоволство. СРЦЕТО е полно, меракот е ГОЛЕМ. Ние сме во финале за пласман на СП со Португалија во Порто. Ние тука експлодиравме како ЕТНА, како најголемиот вулкан во Италија. Ние ги урнавме најголемите во Европа, најдобрите на минатото ЕП. Ние во срцето на Италија даваме гол за 0:1, за голема победа, за неверување. Ние сме чудо. Радувај се Македонија затоа што многу си патела, многу си била оспорувана и угнетувана. Сега е време за чалам. Чалам за фудбал, чалам среде Италија! Ова сме ние! Ние кои треба сега да ги поздравиме нашите херои, да се поклониме пред нивниот подвиг. И да, ние одиме во финале а Италија нека мисли, нека плаче…. За нив е ова национална КАТАСТРОФА, занас во Македонија национален ПРАЗНИК! Ајде да уживаме….