Македонската фудбалска репрезентација ги живее најубавите денови. Боби Милевски и неговите избраници го урнаа европскиот првак на колена и тоа на гостински терен. Во Палермо Македонија славеше со 0-1 со голот на Александар Трајковски и се најде на чекор до пласман на Светското првенство во Катар.
Последна преча е Португалија, мечот се игра на 28 овој месец во Порто. Кристијано Роналдо и неговите соиграчи нека му ја мислат, доаѓаат „рисовите“ кои играат без пардон против сите.
Ајде момци Македонци, нека биде историја за паметење!