На неколку дена пред овој историски меч со Италија се случи голема трагедиjа во ФФМ која остана без еден од своите највредни административци. Прераната смрт на Марио Ѓурчиновски беше шок за сите во федрацијата, националниот тим (чиј што секретар беше во минатото), но и за сите кои го познаваа.
Но, во просториите на ФФМ, веќе подолго време во една од салите за состаноци стои една порака. Нешто што боде во очи уште и пред смтта на Марио кој е творец на таа порака која стои на таблата.
Ова е еден вид аманет од негова страна во пресрет на големиот дуел. Уште на 27.12.2021 година кога беше познати дека играме со Италија на таблата беше напишано.
ИТА – МКД 3:4 пен. (1:1/0:0)
27.12.2021
Марио Ѓ.
Сите ние би посакувале овој негов аманет или прогноза да се оствари вечерва на „Ренцо Барбера“ во Палермо. Момци ова треба да го знаете!