БИБЛ:ТФТ останува на “нула“, Макаби Хаифа ја потврди фаворитската улога

222

Кошаркарите на ТФТ ќе мора да почекаат на првиот триумф во вториот дел од сезоната во БИБЛ лигата. Вечерва имаа одлична прва четвртина, „тенок“ минус (од два поени) на полувремето, но не успеаја да му се спротивстават на поквалитетниот противник наречен Макаби Хаифа во вториот дел од играта. Го запишаа и четвртиот минус во групната фаза, последната пред плеј-офот во регионалното натпреварување со резултат 73:93.

Двете екипи разменија по една добра четвртина во првото полувреме. Домашната беше подобра во уводната, гостинската во онаа втората. ТФТ ги реши во своја корист првите десет минути со солидно водство од (25:16). Но се што градеа во тие десет, „црно-белите“ го загубија во наредните десет. Фаворитот за победник во оваа балканска конкуренција заигра многу подобро во втората четвртина во која што не само што го стигна водството на скопскиот тим, туку премина и во минимална предност.

На полувремето во СРЦ „Кале“ беше (40:38) во корист на екипата од Израел.

Во продолжението, односно големата пауза, беше многу порамноправен меч. Првото, условно кажано, „повисоко“ водство, Макаби Хаифа го реализираше во 27. минута кога поведе со пет поени, (56:51). А до истекот на тој дел од играта, екипата од Хаифа дојде и до двоцифрен плус од 11 поени (66:55).

Тука некаде почна да се надѕира и победникот на оваа средба. Кога веќе стигнаа до така убедлива разлика, гостите се погрижија да не ја загубат. До крајот, дојдоа до сигурна победа.

Ова беше четвртиот пораз за скопската екипа во вториот дел од сезоната во БИБЛ лигата кој ги оддалечи од позициите кои водат во плеј-офот. Им остануваат уште два натпревари на избраниците на тренерот Боро Смилковски да стигнат макар до еден триумф и во оваа фаза од балканското натпреварување.

На овој натпревар, Николов беше прв стрелец на ТФТ, запиша 21. поен, 14 имаше Смит,два помалку Хортон, а двоцифрен број на поени, десет, даде и Бишоп.

Претходно“Фалангата“ на „Ренцо Барбера“ спремна за – МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА… (ВИДЕО)
СледноЗгрми македонската химна на „Ренцо Барбера“! (видео)