Давид Дејвис ја внесе потребната доза на свежина во редовите на Вардар 1961. Шпанскиот стратег засега добро го користи „арсеналот“ со кој располага македонскиот првак, нема пораз во Лигата на шампиони, дома неговите момци чекорат сигурно.
Пред дуелот со Веспрем во рамките на 1/8 финалето во Лигата на шампиони, „црвено-црните“ ќе имаа вистински тест, во сабота го пречекуваат Е.Пелистер во дербито на колото во плеј-офот.
Шпанецот на официјалната прес-конференција потенцира дека Вардар 1961 никогаш нема план А или Б…секогаш оди на победа, па така ќе биде и сега.
„Немаме план А или Б. Одиме 100% против Е.Пелистер, нашиот план е да ги победиме. Не чека тежок натпревар, но играме на домашен терен. Победникот од оваа средба нема да реши се, но ќе направи голем исчекор кон титулата. Овој меч ќе биде убав за македонскиот ракометар, се надевам дека ќе уживаат сите. “, рече Шпанецот.