Италијанците нема да простат неуспех: 2018-та тешко ја сваривме, ова сега би било неподносливо

279

За разлика од претседателот на Италијанската фудбалска федерација Гравина, кој вели дека и по неуспех во овој бараж Манчини има загарантирано селекторско место, италијанските новинари не се убедени дека Манчини треба да преживее уште еден срам со нов пропуштен Мундијал за една од најтрофејните светски репрезентации.

Новинарот Алфредо Педула во својот коментар пред дуелот вечерва вели:

„Сигурно не можевме да замислиме дека вака ќе заврши. Од европскиот врв до ризик да не се оди на Мундијал. Тоа би било вторпат по ред, а ако веќе беше тешко да се свари Шведска и срамот од 2018 година, овој пат ќе биде неподносливо. Залудно е да се кажуваат вицови: разочарувањето не би го ублажило ни прекрасниот триумф од минатото лето“, смета Педула.

Ова размислување на Педула го дели и останатиот дел од италијанската јавност. Тоа едноставно може да се протолкува како сериозен притисок врз „аѕурите“ пред вечерашниот дуел со машата репрезентација.

ПретходноКлоп после Ливерпул сака да го води тимот кој сите го избегнуваат!
СледноФеникс немилосрдно реди победи, Оклахома победи по 10 порази во низа