И дефинитивно, барем според најавите од италијанска “Република“, селекторот на домашните, во пресрет на бараж дуелот со Македонија, одбра кој ќе го изведува пеналот или пеналите ако ги има. Тоа е Берарди од Сасуоло, а не Жоргињо како што во неколку наврати се истакнуваше.
Инаку интересно е тоа што во јавноста во Италија не се крие дека тие би посакале пенал(и) од судијата Клемен Турпин. Имено судијата од Франција сезонава е познат по тоа што дури 13 пати покажал на белата точка, токму на тоа и се надеваат домашните, дека Турпин ќе ја продолжи серијата на покажување на белата точка.
Нам ни останува само да се надеваме на добро судење на еден од најдобрите судии во Европа, на наша добра игра и се разбира на резултат кој нас ќе ни одговара.