Вардар го пречекува Е.Пелистер во дербито на колото во плеј-офот, дуелот се игра во сабота во СЦ „Јане Сандански“. За оваа средба има најава за полна сала, истата ќе биде од посебно значење и за играчите, поготово за навивачката група „Комити“, кои прославуваат 35 години од своето постоење.
„Овој натпревар нема да го одлучи победникот во првенството, бидејќи има уште многу тимови и мечеви до крајот. Дуелот е многу важен секако, кој победи ќе има предност понатаму. Респект за противникот, ќе биде тешко, но играме дома и очекуваме победа. Очекувам поддршка од навивачите, а ние со борба и посветеност, сакаме да ги израдуваме“, изјави Тимур Дибиров.
На него се надоврза капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, кој потенцира дека Вардар игра многу подобро, полека се враќа на посакуваното ниво.
„Како што кажа Тимур, ова не е натпревар кој ќе го реши првенството, но ќе ја подобри ситуацијата на табелата. Добро се работи во клубот, со доаѓањето на Дејвис можам да кажам дека сме на вистински пат сме да го вратиме тимот каде што припаѓа, без претерување на амбициите.
Честитики до „Комити“ за 35 години постење, се надевам на полна сала дека ќе го добиеме овој меч“, рече македонскиот репрезентативец.
Влезот за пресметката меѓу Вардар и Е.Пелистер е бесплатен.