Италија втор пат по ред не се пласира на СП. Шокирани од Шведска за СП 2018, вечерва од Македонија за СП 2022. „Аѕурите“ како Европски прваци влегоа како големи фаворити но не успеаа против македонските лавови. Италија ќе ја нема на Мундијалот во Катар.
„Игравме одлично на ЕП и го заслуживме пехарот, тој триумф ни донесе радост и задоволство, но вечерва се случи нешто неверојатно. Разочаран сум. Ова ми е најголемото разочарување во кариерата. Немам што да кажам. На овој меч бевме толку многу без среќа. Но, тоа е реалноста, жалам за играчите“, изјави Манчини.
На прашањето дали мисли дека овој пораз ќе го турне од селекторската фотеља Манчини изјави:
„Ќе видиме што ќе биде. Сега сум многу разочаран за да говорам за мојата иднина. Треба да помине време. Во наредните месеци ќе зборувам за тоа. Но знам само дека Италија има иднина, има одличен тим“.