На Италија одиме без „Италија“

437

Да бидеме реални! Не чека пеколно тежок меч вечерва. Дуел за место на СП против актуелен европски првак и повеќекратен светски првак. Италија е една од најсилните светски селекции во историјата на фудбалот. Играме кај нив, на нивни терен, пред нивна публика.

Уште потешко за нас е тоа што во оваа пресметка влегуваме без тројцата фудбалери кои играа (т) во Серија А.

Горан Пандев – се откажа од националниот тим по настапот на ЕП. Сезоната ја почна во Џенова, сега е во Парма. Нашата најголема фудбалска легенда и долгогодишен столб на државниот тим.

Илија Несторовски – има мала минутажа во Удинезе, но е во натпреварувачки и тренажен циклус. Капитен на Палермо и омилен играч на навивачите од овој град. Веќе цела година не игра за Македонија по тешката повреда на коленото. На последниот меч даде гол во март 2021 година.

Елиф Елмас – нашата сегашност и иднина! Жолти картони и суспензија. Тој фаул со Исланд и тој жолт непотребен картон сега го носи на трибините на овој голем – огромен меч за Македонија.

Трио кое многу значи. Ова е нашето трио „Италија“ без кое влегуваме на дуелот со Италија. Само погледнете ја таа слика крај овој текст. Елмас, Пандев и Нестор!
Моментот од голот во Тбилиси и победата за пласманот на ЕП! Сега ни треба ново вакво фото но со нови актери а истото!
ПретходноСоставот со кој ќе почнеме: Во напад со Алекс, Чурлинов и М. Ристовски!
СледноИталија чека пенал(и) од судијата Турпин!