Шпанскиот прволигаш Мајорка го назначи легендарниот мексикански тренер Хавиер Агире. Екипата реди порази, нанижа шест по ред поради што падна во опасната зона па клупското раководство одлучи да направи промена. Реши да го донесе искусниот Агире кој претходно работеше во Леганес, Еспањол, Сарагоса, Атлетико Мадрид и Осасуна.
Со Осасуна беше финалист на Купот на кралот во сезоната 2004/05. Со Монтереј ја освои Лигата на шампионите во КОНКАКАФ зоната во 2021 година, како селектор на Мексико го освои Голд купот во 2009. Тој беше и селектор на Египет и на Јапонија.