Плеј-оф за СП Катар: Македонија во Палермо, уште три “визи“ за Мундијалот!

154

Вечерва се играат полуфиналните мечеви од плеј – офот за пласман на СП во Катар 2022. Одамна е познато дека Македонија гостува во Палермо, на мегдан со Италија. Во случај на триумф тогаш во финалето ќе гостуваме на Португалија или Турција. Овие две селекции играат вечерва во Порто.

Исто така познато е дека поради нападот врз Украина, Русија беше дизсквалификувана, па така мечот со Полска нема да се игра, Полјаците без борба одат натаму. А таму, во финалето, ќе ги чека подобриот од дуелот меѓу Шведска и Чешка, кој се игра вечерва во Стокхолм.

Шкотска – Украина е одложено, а Велс ја дочекува Австрија. Победниците од овие два меча ќе се борат во финалето.

ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРВА (20:45 Ч)

ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА

ПОРТУГАЛИЈА – ТУРЦИЈА

РУСИЈА – ПОЛСКА (Русија дисквалификација)

ШВЕДСКА – ЧЕШКА

ШКОТСКА – УКРАИНА (одложено)

ВЕЛС – АВСТРИЈА

ПретходноОфицијални состави: Македонија со Трајковски, Чурлинов, М. Ристовски.., Италија со Имобиле, Инсиње…
Следно“Фалангата“ на „Ренцо Барбера“ спремна за – МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА… (ВИДЕО)