ПОБЕДАААА…ПЛАЧЕ ИТАЛИЈА – ОВА Е НАШАТА МАКЕДОНИЈА!

1855

 

БРАВО МАКЕДОНИЈО. Победа над Италија во Палермо. Со голот на Трајковски во 90+2, Македонија победи. Ја победи Италија со 0:1.

ПОБЕДАААА

БУМ, БУМ ТРАЈКОВСКИ!!! МАКЕДОНИЈА ГО ШОКИРА ЕВРОПСКИОТ ПРВАК! (ВИДЕО)

МАКЕДОНИЈА СЕ БРАНИ, УСПЕШНО

Очекувано. Италија бодрена од пеколната поддршка од трибините на „Ренцо Барбера“ тргна со сите сили во напад уште од првата секунда од мечот. Целосна иницијатива. Голем притисок беше тоа, целта беше што побргу да се постигне гол. Но Македонија одлично во одбраната поставена, до таа 25.минута немаше буквално ниту една шанса пред голот на Димитриевски, само неколку закани, но рековме веќе Македонија знаеше како да се одбрани.

Од друга страна ние се обидувавме нешто да сториме, да искомбинираме некоја добра акција, сепак домашниот притисок си го стои своето. За нас најважно беше да нема гол во нашата мрежа во првата фаза од мечот. Во 28.минута Барела се закани, но топката отиде далеку од нашиот гол.

СТОЛЕ КИКСИРА, ПА СПАСУВА, АЛЕКС ОПАСНО СЕ ЗАКАНУВА

Уф, каков кикс и какво спасување на Столе во 30.минута. Прво му подари топка на Берарди за да потоа спаси чист гол.

Треба да се каже дека немавме реално судење, барем до таа 35.минута. Судија Турпин не “гледаше“ кога има фаул за нас, додека за домашните „свиреше“ без проблеми. Се играше 38.минута кога домашните бараа пенал, некој од нашите играл со рака, каде ли видоа. Сепак ВАР кажа НЕ.

Само неколку секунди подоцна напад, опасен напад на Македонија. Чурлинов во еден момент украде една топка, но кога беше најпотребно Манчини стигна да спаси. Штета.

Во 45.минута опасна закана од Трајковски, по извонредната акција на Барди, сепак Донарума спасува.

БРАВО ЏАНИ…

Во ист стил започна и вториот дел. Италија одново со напади, а Македонија мирна во одбраната, со закани за контранапади. Евидентно е дека веќе домаќинот е нервозен, уште нема гол во нашата мрежа, а ние растоварени, ние сме мирни, го амортизираме притисокот.

Во 58.минута двојна измена кај нас, излегоа Адеми и Николов, влегоа Спировски и Ашковски. Само неколку минути подоцна, добра комбинација, Трајковски беше во шанса, но ништо.

Во тие моменти добра игра на Македонија, добро е тоа.

А Алиоски спасува чист гол кога го изблокира ударот на Берарди, кој потоа му честиташе на Џани.

Да, да. Храбра Македонија, херојска Македонија а Италија нервозна, немоќна да дојде до гол до таа 85.минута.

 

ТРАЈКОВСКИ ЗА ЕУФОРИЈА

Плеј – оф за пласман на СП во Катар 2022

ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 0:1 (0:0)

Стадион „Ренцо Барбера“. Гледачи: 30.000. Судија: Клемен Турпин (Франција). Стрелци: Трајковски 90+2. Ж. Картони: Спировски (МАК).

ИТАЛИЈА: Донарума, Флоренци, Манчини (89. Киелини), Бастони, Емерсон, Барела (77. Тонали), Жоржињо, Верати, Имобиле (77.Пелегрини), Инсиње (64. Распадори), Берарди (89. Жоао Педро).

Селектор: Роберто Манчини.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Велковски (86. Ристевски), Муслиу, Алиоски, Адеми (58. Ашковски), Николов (58. Спировски), Барди, Трајковски, Чурлинов, М. Ристовски (72. Миовски).

Селектор: Благоја Милевски.

ПретходноНа клупата на Мајорка седна легендарниот Хавиер Агире
СледноПортугалија и Велс влегоа во финале на плеј-офот