Посакувавме победа добивме ништо (ВИДЕО)

369

Од Белград, Огнен Дојчиновски

Репрезентацијата на Македонија до 21. година предмалку загуби на гостувањето кај Србија со конечни 2:1 во рамките од тековните квалификации за следното ЕП. Во игра во која треба да ја заборавиме, особено онаа во првиот дел, избраниците на селекторот Драган Канатларовски не успеаа да се исправат пред предизвикот и да обезбедат барем бод од ова гостување кое со оглед на ситуацијата требаше мораше подобро да го одиграме.

Противникот подобар, ги искористи нашите грешки, пред се во одбраната, реализираше кога треба, и успеа на свој начин да го приведе мечот во своја полза. Ние не дека немавме желба (истата не ја покажавме во првиот дел), но и кога ја покажавме едноставно ни фалеше нешто. Веројатно тој завршен пас кој го имавме само еднаш, кога Димоски реализираше за 2:1.

Ужасен старт на натпреварот

Од она што најмногу се плашевме пред стартот на мечот, и воопшто она што не го посакуваш пред било кој натпревар тоа ни се случи денеска во Белград. Во првиот обид на противникот да направи нешто повеќе пред нашиот гол, србите успеаа да реализираат. Корнерот изведен од лево, на вториот дирек го пречека Пантовиќ и иако топката не ја зафати екстра силно сепак, нашата одбрана не реагираше најдобро, па топката од земја одседна во гол.

Потоа на нашите репрезентативци им требаше време да се стабилизираат колку толку и да почнат да го играат договореното. Ѓоргиевски се обидуваше да задржи топка, пробавме неколку пати и странично, преку Хајдари и Антовски но посериозна шанса не создаводме во првиот дел. Напротив, противникот пак, можеше лесно да води и со 2:0 но по одличната акција на Пантовиќ, кој прекрасно го проигра Тедиќ, овој не реализира стопостотна шанса. Поточно, Денковски не еднаш туку два пати прекрасно реагира и не остава во игра резултатски.

Второто полувреме го започнавме нешто поофанзивно, притиснавме кон противничката половина, но тоа не беше доволно. Повторно не создадовме речиси ниту една ситуација пред противничкиот гол,а првите измени ги направивме во 66. минута. Влегоа Рустемоски и Илиевски, офанзивци кои требаше да помогнат пред противничкиот гол. Сепак, во истиот момент речиси, Бесир Исени, го доби вториот жолт картон и автоматски останавме со десет играчи.

Примаме втор гол па се враќаме на еден негатива

Во финишот на мечот збиднувањата одеа многу поинтензивно отколку дотогаш. Домаќинот успеа да изведе една убава акција во која ударот со глава од само неколку метри Денковски бравурозно го брани, но на таа топка палетува Јовиќ и реализира за 2:0.

Сепак, иако во тој момент помисливме дека е се готово сепак, Димоски во својот прв контакт со топката откако влезе во игра одлично и избега на одбраната на Србија и погоди за 2:1.

Сепак, и покрај напорите во финишот, направените измени, сите од ред офанзивни сепак Македонија на овој меч остана со празни раце, и ќе мора да се сврти кон следниот предизвик наречен Фарски Острови на домашен терен.

Србија – Македонија 2:1 (1:0)

Стадион Вождовац

Гледачи: 800

Главен судија: Михаел Оценаш Помошници: Даниел Поларек, Томас Ворел (Сите од Словачка)

Стрелци: Пантовиќ 6, Јовиќ 81 (С) Димоски 82(М)

Ж.картони: Гордиќ (С) Исени, Манев(М)

Ц.картони: Исени (М)

Србија: Гордиќ Роган, Ивезиќ, Ераковиќ, Каменовиќ, Митровиќ (Јовиќ 68), Терзиќ (Гордиќ 67), Пантовиќ, Илиќ, Тедиќ (Миловановиќ 80)

Македонија: Денковски, Хајдари, Антовски, Исени, Манев, Воша (Максимов 80), Фазлагиќ, Ѓоргиевски (Рустемоски 66), Емини (Тодоровски 77), Шеји (Илиевски 66), Гроздановски (Димоски 78)

 

 

ПретходноИталија чека пенал(и) од судијата Турпин!
СледноАјде ЛАВОВИ: Цела МАКЕДОНИЈА е со вас!