Потсетување на Торино и тие 1:1: Трајковски знае како против Италија! (ВИДЕО)

694

 

Македонија со Италија досега одиграла само два натпревари, и двата во рамките на квалификациската група за СП во 2018. Во Скопје беше 2:3, иако водевме со 2:1, а во Торино, на 6 октомври 2017 година одигравме 1:1. Тоа беше голема сензација, Македонија остана непоразена на теренот на големиот ривал. Секако дека немаме ништо против и вечерва да биде 1:1, па потоа во продолженија или пенали да излеземе како победници.

Кога сме кај тој меч, домашните поведоа со голот на Киелини во 40.минута, а израмни Трајковски во 77.минута. Значи Алекс знае како против Италија, па така нека биде и вечерва.

ПретходноДефанзивни дилеми: Бастони, Ачерби или можеби ќе не изненади старт на Киелини?
СледноАндреј Јакимовски ќе игра во „Медисон Сквер Гарден“