Колку јавноста во Србија е информирана околу мечот на репрезентациите до 21. година кои денеска ќе се игра на стадионот на Вождовац од 17:00 часот, доволно говори и фактот што во најавените состави за мечот, вметнати се Адем Али и Бесник Ферати. Репрезентативци на Македонија кои во моментов не се дел од составот на Канатларовски. Но тоа е нивен проблем, нам не ни преостанува ништо туку само да ги добиеме на терен и што се вели да ги „спуштиме на земја“.
Што се однесува до нивниот состав, најавеното подмладување, во пракса е прикажано преку Гордиќ на голот, во последната линија Роган, Ераковиќ, Дрезгиќ, Каменовиќ, а пред нив ќе бидат Илиќ, Лукиќ, Терзиќ, Пантовиќ, Гавриќ а во нападот најистурен ќе биде Тедиќ.