Реал Мадрид е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем. Во последните недели клубовите биле во контакт и разговарале за можниот трансфер на 18-годишниот играч за врска.
Реал Мадрид се бори за Белингем со неколку англиски клубови, а Германците имаат намера добро да заработат ако навистина се решат за негова продажба.
„Зделката за него ќе чини 80-90 милиони евра“, вели новинарот на Марка, Рамон Алварез.
Реал Мадрид сака да го ангажира Англичанецот во 2023 година, со тоа што ќе му дозволи и следната да остане во Дортмунд. Во преговорите Германците навестиле дека преферираат да преговараат со гигантот од Мадрид пред другите клубови.
Најавено е дека разговорите ќе продолжат до крајот на сезоната, која се очекува конечен став и од двете страни.