(ВО ЖИВО) Италија – Македонија, плеј-оф за пласман на СП 2022

1613

ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА    1:0
Стадион: Ренцо Барбера во Палермо
Судија: Клемен Турпин од Франција

КРАЈ!!!! МАКЕДОНИЈА ЈА СОВЛАДА ИТАЛИЈА И СЕ ПЛАСИРА ВО ФИНАЛЕТО НА ПЛЕЈ-ОФОТ. ЗА ПРОТИВНИК ЌЕ ЈА ИМА ПОРТУГАЛИЈА КОЈА ВЕЧЕРВА ЈА СОВЛАДА ТУРЦИЈА СО 2:1

91 мин. – ГОЛ ЗА МАКЕДОНИЈА!!!! Трајковски го шокира европскиот првак. Нашиот напаѓач постигна гол со шут од далечина

89 мин. – Искусниот Киелини на терен исто така и дебитантот Жоао Педро. Излегуваат Берарди и Џанлука Манчини.

84 мин. – Уште една измена во македонскиот тим. Кире Ристевски влегува, а излегува Дарко Велковски.

77 мин. – Манчини прави двојна измена. Ронали влегува, а излегува Варела. На местото на Имобиле на теренот е Пелегрини.

71 мин. – ИЗМЕНА ВО МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА. Миовски влегува на местото на Милан Ристовски

66 мин. – Број на корнери: Италија 12, Македонија 0

63 мин. – Измена во италијанскиот тим. Распадори влегува, Инсиње излегува

62. мин. – Одново Берарди во шанса, се намести на шут но во последен момент блокира Алиоски. Топката оди во корнер.

60 мин. – Посед на топка. Италија 69% – Македонија 31 %

58 мин. – Двојна измена во македонскиот тим. Спировски место Адеми, а Ашковски влегува место Николов

57 мин. – ШАНСА ЗА ИТАЛИЈА! Берарди одново се најде во шанса, но шутира над голот

52 мин. – Шут на Берарди од 17-тина метри, топката мина едно метро покрај голот на Димитриевски

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

45 мин. – Барди повлече напад, го пронајде Трајковски на десната страна, а нашиот играч шутна од далечина но Донарума одбрани

39 мин. – Конечно нешто и од македонскиот тим. Италијанците погрешија, Чурлинов украде топка и тргна кон голот на Донарума, меѓутоа Џанлука Манчини се врати и го спречи нашиот фудбалер да шутне

37 мин. – Мешаница пред голот на Македонија, топката заврши во корнер. Италијанците бараа пенал за игра со рака на Муслиу, но судијата одмавна со рацете. Тоа го потврди и ВАР собата.

33 мин. – ШАНСА ЗА ИТАЛИЈА! Инсиње шутира од далечина, Димитриевски избива во корнер

30 мин. – Имобиле се најде во шанса и од косо шутира над голот

29 мин. – ШАНСА ЗА ИТАЛИЈА! Димитриевски направи голема грешка место да исфрли напред тој подаде до Берарди кој шутна кон празниот гол, но нашиот голман навреме стигна и одбрани

25 мин. – Ништо значајно на теренот. Италија се обидува да наметне темпо да создаде шанса, сепак, македонската дефанзива е на висина на задачата

20 мин. – Димитриевски се пожали на повреда по еден дуел со Манчини. Сепак, македонскиот голман е во ред и ќе го продолжи мечот

Згрми македонската химна на „Ренцо Барбера“! (видео)

Maкедонски навивачи на Ренцо Барбера

Меѓусебни дуели: Една победа на Италија и едно реми.
__________________________________________________________

Официјални состави: Македонија со Трајковски, Чурлинов, М. Ристовски.., Италија со Имобиле, Инсиње…

Ајде ЛАВОВИ: Цела МАКЕДОНИЈА е со вас!

На Италија одиме без „Италија“

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Без голови на „Барбера“ – Италија притиска, Македонија успешно се брани
СледноНа клупата на Мајорка седна легендарниот Хавиер Агире