Денес е денот Македонијо – борба за нова историја!

251

Фудбалот повторно е во центарот на вниманието на државата. Проблемите со пандемија, финансиски кризи, поскапувања… Тоа за миг денес се заборава, се ставаат секојдневните проблеми во втор план. Денеска е денот кога сите сме Македонија, кога се обединуваме не се препукуваме и сме заедно за „црвено-жолтите“ бои.

Фудбалерите се нашата причина за радост, нашата причина за надеж во оваа наша сакана земја која со векови ја оспоруваат, со години ја лажат… И таа притиснати, мали и небитни за некои ние сме на прагот на големи нешта.

Да, тешка е денешната мисија но за нас никогаш и не било лесно. Секогаш одиме по потешкиот, по трнливиот пат… Така стигнавме и до ова денеска!

Македонија игра плеј-оф за пласман на СП 2022 во фудбал. Сон на многу генерации, сон на многу фудбалски фанови но и сон за големи нешта на нашите предц од минатото.

Манифестот од 1903 е вклопен во овој наш сегашен национален тим. Сите обединети, сите заедно – Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци… Сите за еден, еден за сите… Сега не чека поинаква борба на поинаков начин – фудбал!

Нашите момци веќе ни донесоа радости. Игравме на ЕП лани во Букурешт и Амстердам. Игравме уживавме иако не победивме на ниту еден натпревар. Но ете сега тој континуитет продолжува. На некои може им не им се верува но малата Македонија е на два чекори до големиот пласман на СП во Катар. Денеска сме тука во Италија, денеска се погледите насочени кон Палермо а срцата цукаат за нашите момци кои да си знаете – сите до еден ќе изгинат на теренот за да ја кренат земјата и народот на нозе. Не, никако нема да биде лесно. Тука сме кај нов дом, кај едни од најдобрите во нив, кај европските прваци… Народно кажано – „во устата на лавот“.

Затоа нема предавање. Знаеме кои се, знаеме што сакаме. Докажавме! И оваа и онаа претходна генерација која играше на ЕП (повеќето играчи се исти), имаат со што да не израдуваат. И знаат, гледаат дека тие се хероите на народот. Гледаат и тука во Палермо дека не се саможи. И навивачите кои се околу 2.000 на број, како и играчите се пред голема битка со далеку посилните (на теренот), и далеку побројните (на трибините). Но нема предавање, борба до последен атом, борба за Македонија, борба за СП и ново светско чудо. Нека се тресе во Палермо, нека слави Македонија и сите наши низ светот. Одиме момци но ново чудо… Веруваме, знаеме – БОРБА па што сака нека биде.

ПретходноБорусија бара 80 милиони за Белингем од Реал (М) и да го остави уште една сезона кај нив
СледноДефанзивни дилеми: Бастони, Ачерби или можеби ќе не изненади старт на Киелини?