Врие од наши навивaчи низ главните улици на Палермо. Домашните уште се на работа, ручаат или обавуваат други секојдневни активности. И додека „аѕурите“ уште ги нема по Палермо грмат наши песни, локалите се полни со наши навивачи а улиците во „црвено-жолтите“ бои. Но иако ова е Сицилија и одма ве асицира на мафија – сепак се е мирно, убаво и во сјајот на медитеранот. Малку поинаква, но убава Италија. Нашите навивачи наидоа на добар, пријателски прием. Впрочем кој би можел а да не сака „фаланга“. Бевме омилени во Букурешт еве не сега и тука во Палермо.
„Бравоооо мачедони….“, ке дофрлат минувачите! Има и такви кои знаат да почитуваат. „Форца Палермо, Форца Несторовски, Форца Трајковски...“, ќе ви префрлат навивачите на Палермо.
Во една од кафетериите во центарот на градот налетавме на „двобој“. На една маса наша „фаланга“ на другата локални жители кои знаат и сакаат фудбал. Нашите како и секогаш си очекуваат чудо, сакаат победа. Мауро е средновечен човек. Тој е навивач на Палермо и седо на другата маса отспротива. „Мачедониа но Норд Мачедонија…“, сака да каже дека не ја прифака промената на нашето име. „Форца Италија, уно (еден) гол за Трајковски“...
Овој господин жали што нема да го гледа вечерва Несторовски. Се нај, нај, нај… за неговиот омилен голгетер и капитен.
„Несторовски е голем голгетер, добар играч и прекрасна личност“, вели Мауро кој не тешеше дека сепак тие се Италија и дека е реално тие да победат. Да се надеваме дека Мауро ќе погоди за голот на Трајковски но дека ќе ја утне работата за победата на Италија.