Познат е стартниот состав со кој Милевски ќе оди по историја!

2463

Вечерва од 20.45 часот на “Ренцо Барбера“ во Палермо, нашиот национален тим во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП во Катар, ќе и гостува на Италија. Речиси се да е кажано, вчера на пресот селекторот Благоја Милевски и капитенот Стефан Ристовски кажаа и ги искоментираа своите очекувања.

Засега останува само дилемата околу стартниот состав со кој Милевски ќе оди по историја. Сепак и не е дилема, ако се знае дека Елиф Елмас нема да игра, тогаш стартните единаесет се следните.

Формацијата ќе биде 4-3-3, а на голманската позиција секако дека неприкосновен е Столе Димитриевски. Во дефанзивната четворка десно ќе биде Стефан Ристовски, лево Езџјан Алиоски, додека централни стопери Дарко Велкоски и Висар Муслиу. Во средниот ред ќе “оперираат“ Енис Барди како креатор, а Аријан Адеми и Бобан Николов како играчи кои треба да ја „рушат“ играта на Италијаните. Во нападот Милан Ристовски ќе биде најистурен, додека по страничните позиции ќе бидат Александар Трајковски и Дарко Чурлинов.

Ете тоа се стартните единаесет со кои Милевски ќе оди по историја.

ПретходноДавид Дејвис: Немаме план А или Б, нашиот план е еден – да го победиме Е.Пелистер
СледноМакедонската снаа сезоната ќе ја заврши во Романија