„Драгао“ ќе биде преполн: Редици пред билетарите за финалето Португалија-Македонија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

709

Вторник 29 март 2022 година, 20:45 часот. Стадион “Драгао“ во Порто, меч Португалија – Македонија. Се решава патникот за Мундијалот во Катар. Кој ќе победи ќе оди на СП, кој ќе загуби ќе гледа Мундијал дома преку ТВ екраните.

Дека “Драгао“ ќе биде преполн, дека ќе има околу 50.000 гледачи, тука нема сомневање. Имено уште од утринава почнаа да се продаваат билетите за овој историски меч за Македонија. Според фотографиите на португалскиот весник “Рекорд“ се бара билет повеќе. Редици долги и до стотина метри има пред билетарите на стадионот.

Секако дека Португалците сакаат да го видат уште еднаш Роналдо, но сакаат да ја видат и силната Македонија.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ФОТО: Record.pt

ПретходноПобеднички насмевки од Палермо: Сејдини со Масев, Милевски…
СледноА Елмас почна ли да ја прави тортата?