Каков меч: МЗТ Скопје се врати од минус 17 и запоседна на врвот во АБА2-лига

325

МЗТ Скопје го доби дерби дуелот со Борац Бања Лука за првото место на табелата во АБА 2-лига. Избраниците на Александар Петровиќ се вратија од негатива од 17 поени и на крајот славеа со 80-73 во претпоследниот меч од регуларниот дел од сезоната.

Рикиќ и Војдан Стојановски беше незапирливиот тандем на „сино-белите“, во последниот период го наполнија кошот на противникот за 10. триумф оваа сезона. Токму во последните десет минути МЗТ Скопје одигра шампионски, овој период го доби со 25-8.

Војдан ппостигна 25 поени, додека Рикиќ реализираше 17 поени. Покрај нив двоцифрен број на поени имаше Мекиќ, застана на 11.

Актуелниот македонски првак добро влезе во мечот, поведе со 7-2, на другата страна противникот одговори со серија од 4-12 за прво водство на дуелот ос 11-14. Од овој момент Борец успеа да го наметне своето темпо. По првата четвртина имаше позитива од седум поени (15-22), додека на одморот замина со плус пет (34-39).

Со серија од 1-13 противникот влезе во третата четвртина и дојде на плус 17 (35-52). МЗТ Скопје се разбуди, прво намали на 55-65 пред стартот на последните десет минути, а потоа со поените на Рикиќ, Мекиќ и Дејвис, отвори со 12-2 и израмни на 67-67 во 33. минута.

Избраниците на Александар Петровиќ не застанаа, со поените на Рикиќ поведоа по подолго време 69-67. Војдан Стојановски, кој заедно со Рикиќ беа најрасположени кај македонскиот тим зголемија на 77-70 на две минути до крајот.

Екс-тренерот на Карпош Соколи, Драган Николиќ не успеа да најде начин да ги врати момците во игра, на крајот мораше да се помири со пораз.

Во последното коло во Широки Бриег, МЗТ Скопје игра против Златибор за потврда на врвот пред стартот на плеј-офот кој се игра во Скопје.

ПретходноЕуро Никел се поблиску до Супер-лигата
СледноПетровиќ: Победи послабиот тим, ги добивме на искуство!