Ех, а кој ако не Александар Трајковски. А, каде е ако не во “неговото“ Палермо, на теренот на “неговиот“ стадион “Ренцо Барбера“. Се игра 90+2.минута, резултатот е 0:0, сите чекаме продолженија, но Алекс не мисли така. Си се загради, си се намести и од околу 25 метри испрати “проектил“ на тој Донарума.
А потоа ЛУДНИЦА..
По мечот „Александар Македонски“ на социјалните мрежи напиша…
“ОВА Е МОЕТО СЕМЕЈСТВО И ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА“…
Ти благодариме Алекс на се она што синоќа го доживеавме.