А Елмас почна ли да ја прави тортата?

1739

Македонија во Порто ќе биде засилена со Елиф Елмас, нашиот Дијамант, нашиот најдобар фудбалер. Беше во Палермо, но не играше поради суспензија, но сега се враќа во тимот и заедно со Тихо Костадинов ќе бидат на располагање на селекторот Благоја Милевски за уште посилна Македонија од таа што беше во Палермо.

Има да се одиграат уште 90 минути до Катар, тоа ќе биде историски меч за нас, но само да го прашаме Дијамантот дали почна да ја прави тортата?

Имено пред патувањето во Палермо, за ТВ магазинот на УЕФА, јавно кажа дека ако се пласираме на Мундијалот во Катар, тој на плоштад ќе направи торта.

Го држиме за збор.

Претходно„Драгао“ ќе биде преполн: Редици пред билетарите за финалето Португалија-Македонија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЛавот Адеми: Народот нека се радува…