Португалскиот репрезентативец Данило зборуваше за претстојниот натпревар со Македонија во финалето за пласман на СП 2022. Натпреварот се игра во Порто, можеби Португалците ја очекуваа Италија во финалето, но ете им се падна Македонија. Дефанзивецот Данило вели дека не е изненаден од триумфот на Македонија над Италија.
„Не се изненадив. Македонците имаа фантастични квалификации, играат убав фудбал, тоа се неверојатни борци и знаеме дека се организиран тим. Тактички се одлично спремни па нивниот триумф над Италија, според мене, не е изненадување“, вели играчот на ПСЖ.