Драгао ќе прими 2500 навивачи од Македонија, домаќините веќе го исполнија капацитетот

696
0

Како што објави фудбалската федерација на Португалија, капацитетот на стадионот Драгао, каде што во вторник ќе се одигра финалето од баражот за Мундијалот во Катар помеѓу Португалија и Македонија е пополнет. Односно домаќинот ги распродаде сите билети кои беа пуштени во продажба. Очигледно дека интересот за овој дуел беше огромен, па само што португалците го дознаа противникот, и билетите беа пуштени во продажба, молњевито беа и распродадени.

Што се однесува пак до нашите навивачи, и евентуалните расположливи билети за нив, според правилата на УЕФА, а со оглед на капацитетот на Драгао (50.000), на ФФМ ќе и бидат доделени 2.500 билети. Истите можат да се обезбедат преку кодовите со кои располага ФФМ.

 

ПретходноДарко Панчев: Трајковски погоди во стилот на Роналдо, а Милевски да го побара веднаш Пикси
СледноСалах и Египет со предност над Мане и Сенегал (ВИДЕО)