Еуро Никел се поблиску до Супер-лигата

126

На две коа пред крајот на регуларниот дел, Еуро Никел 2005 има две победи повеќе во однос на Феникс 2010, и уште поголеми шанси да остане во првите шест екипи кои ќе се борат за шампионската титула. Кавадарчани ја оправдаа фаворитската улога против МЗТ Скопје 2, славеа со 91-82.

Кошаркарите на Еуро Никел одиграа одлична прва четвртина во која резлизираа дури 32. поени, примија 19, за двоцифрена предност.

Разлика со која избраниците на тренерот Горан Самарџиев не се задоволија, и до одморот реализираа уште повисоко водство (56:36). По еден ваков расплет на настаните, на домашниот тим му остана рутинската задача. Без проблем го приведоа мечот за 12. победа во 20. одиграни натпревари.

Томиќ со 20 поени беше прв стрелец, зад него беше Димчевски со 15 поени. Кај гостите Рансом и Петровски имаа по 19 поени.

ПретходноГолман на Јунајтед стави крај на кариерата на 23 години
СледноКаков меч: МЗТ Скопје се врати од минус 17 и запоседна на врвот во АБА2-лига