Жоргињо: Ова боли! Киелини: Тешко е да се објасни ваков пораз

802

На италијанските ѕвезди се уште не им е јасно што се случи вечерва во Палермо, на стадионот каде што редеа само победи. Паднаа во дуелот со Македонија и втор пат по ред нема да играат на Мундијал. Го испуштија возот за Русија, сега и за Катар.

Ова многу боли. Ептен сум разочаран. Се уште не ми е јасно што се случи. Доминиравме на теренот, направивме многу шанси, а потоа добивме шлаканица. Треба да седнеме и да анализираме каде погрешивме“, изјави Жоргињо.

Искусниот Киелини влезе во финишот, а потоа Италија прими гол и изгуби.

Тешко е да се објасни ваков пораз. Разочарувањето е огромно. Уништени сме. Тажни сме. Не постигнавме гол, а имавме многу шанси. Мислам дека не бевме доволно дрски. Сепак, горд сум на своите соиграчи. Се надевам и дека Манчини ќе остане. Потребен е на овој тим“, додаде Киелини.

ПретходноМакедонија во транс, финалето на големо се слави: Се качија на багер, го развиорија знамето (ВИДЕО+ФОТО)
СледноАлександар КРАЛОТ МАКЕДОНСКИ!!!