Аријан Адеми и вчера беше еден од нашите најдобри фудбалери. Иако беше во игра до 58.минута сепак го даде својот максимум, иако по враќањето повредата одработи само два тренинга.
“Покажавме дека во фудбалот ништо не е невозможно. Кога имаш таква енергија во себе, желба, волја, се е можно. Кога излегувавме од теренот ни ракоплескаа домашните фанови, нема поголемо признание од тоа што го доживеавме во Палермо“коментира Аријан Адеми.
Нека трае еуфоријата..
„Знам дека во Скопје и Македонија владее еуфорија, такви сме ние од Балканот, ако не се радува народот. Иако допрва не чека мечот со Португалија таа еуфорија нека трае. Видите кој парадокс. Ние го исфрливме европскиот првак во баражот, а уште не сме на Мундијалот. Сега знаеме што не чека, цел свет мисли дека Португалија е веќе во Катар, но ништо не се знае“ истакна Адеми за медиумите во Хрватска.