По победата над Италија вчера во Палермо, секако дека владее голема радост меѓу нашите играчи. Сепак полека но сигурно Италија се заборава, сега во преден план е мечот со Португалија, финалето од плј – офот.
За тоа што се случи вчера свој коментар од Палермо има Милан Ристовски.
“Уште сме во еден позитивен шок од тоа што се случи. На моменти сме свесни, на моменти не, што успеаме да направиме. Мислам дека остваривме голем резултат. Секако дека сме среќни што успеавме да минеме таква репрезентација како Италија. Сега не ни останува ништо друго освен да продолжиме по овој пат“ вели Ристовски.
Сега доаѓа на ред Португалија…
„Знаевме со каков ривал се соочувавме. Сепак верувавме во себе, дадовме се од себе, и на крај тоа не награди. Се наоѓаме на 90 минути до пласман на СП. Сами се доведовме во таква ситуација да дадеме повторно се од себе, да веруваме во себе. Искрено верувам и се надевам на позитивен резултат. Португалија има големи ѕвезди, но јас се надевам дека Македонија повторно ќе ја израдуваме“ заврши младиот напаѓач.