Нов удар за Еден Азар мора да оди на операција

151

Еден Азар ќе мора да оди на нова операција. Станува збор за хируршка интервенција на десниот зглоб, каде треба да му биде вградена плочка на напукнатата коска.

Реал Мадрид потврди дека операцијата ќе биде направена во следните неколку дена, за него сезоната и дефинитивно е завршена, со право може да се каже дека е едно од најголемите промашувања.

За три сезони во дресот на Реал Мадрид одигра 65 меча и постигна шест погодоци, а пропушти голем број на мечеци токму поради повреди.

Веќе на големо се зборува дека шпанскиот клуб сака да се ослободи од него, дури и да го даде на позајмица, но прашање е дали тој ќе сака.

ПретходноАзар мора на операција!
СледноСимиќ и Барселона тргнаа победнички на евролигашкиот турнир