Социјалните мрежи се преполни со честитки до момците кои во Палермо испишаа нова историја, направија чекор напред кон сонот – Светско првенство. Македонската фудбалска репрезентација ја урна големата Италија, селекцијата која е актуелен европски првак, ја совлада со 0-1 со голот на Александар Трајковски.
По победата се огласи и Горан Пандев. По неговото повлекување Македонија продолжи да чекори кон фудбалските висини, а тој со еден збор го опиша триумфот во Палермо.