Александар Петровиќ продолжува со победите како тренер на МЗТ Скопје. Искусниот стратег на актуелниот македонски првак ја забележа една од најпосакуваните победи, го совлада Борац Бања Лука и неговиот тим се искачи на врвот на табелата во АБА2-лига на едно коло до крајот на регуларниот дел.
Македонскиот тим веќе е пласиран во плеј-офот кој ќе се одржи во Скопје, но секој триумф е важен.
Петровиќ беше реален по мечот, призна дека биле послаби, иако во последната четвртина одиграа неверојатно добро, особено во одбраната.
„Можам да кажам дека вечерва победи послабиот тим беа подобри од нас во сите три четвртини ние не знаевме да одговориме на нивната агресивна игра во последната четвртина до израз дојде нашето искуство, бевме агресивни во одбраната, тука го добивме дуелот“, изјави Петровиќ.
Во последниот меч во „балонот“ во Широки Бриег, МЗТ Скопје игра против Златибор.