Муамед Сејдини, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, е еден од оние кои најмногу веруваше во хероите. Вчера пред мечот се огласи, најави дека фудбалерите се подготвени за големи нешта, а потоа тие на терен потврдија со победа. Потврдија дека македонскиот народ и во победи и во порази, мора да биде горд на нив, на сите оние кои одлучиле да се борат за боите на Македонија.
Денеска после победата Сејдини, кратко се огласи на социјалните мрежи.
„Кога ви е потребна инспирација за успех погледнете ги овие јунаци! Најубавата приказна од Македонија“, пиша претседателот на ФФМ.