Теодор Симиќ и неговата Барселона имаа успешен почеток на јуниорскиот квалификациски турнир (играчи „Под 18“ години) од Евролигата, кој денеска стартуваше во Патра.
На премиерниот меч на турнирот во Грција, каталонците славеа сигурна победа против екипата на ЗПА Тбилиси (78:64).
Нашиот млад репрезентативец имаше солидно издание во првиот успех. За 22:15 минути, реализираше седум поени (2/3 за два и 3/6 за еден поен), имаше и осум скокови и една асистенција.
Каталонците ги штедеа силите во второто полувреме, ако се земе в предвид дека веќе од 19.30 часот, вечерва, ги чека далеку посериозен предизвик. Натпреварот против екипата на Олимпијакос, кој може да биде и пресудне во конечниот поредок на турнирот.