Симиќ со 20 поени против Олимпијакос

266

На јуниорскиот Евролига турнир во Патра, Грција, тимот на Барселона на чело со нашиот интернационалец Теодор Симиќ обезбеди победа над Олимпијакос со конечни 84:59.

За 16 минути минати на паркетот, Симиќ постигна 20 поени (7/8 за два, 1/3 за три и 3/5 од линијата за слободни фрлања), а додаде уште осум скока и една асистенција за индекс 25, втор највисок во неговата екипа.

Ова е најдобриот учинок на Симиќ во оваа конкуренција воопшто, откако минатата сезона на завршниот турнир имаше 16 поени и индекс 23.

Барса досега забележа две победи, а утре игра против тимот на Макаби Тел Авив, директниот конкурент за првото место.

 

ПретходноСалах и Египет со предност над Мане и Сенегал (ВИДЕО)
СледноТерористички напад во Џеда, сепак, Ф1 трката ќе се одржи