Скопје „гореше“ до раните утринските часови (фото+видео)

965

На Македонците им се потребни вакви моменти, а за среќа во последно време се се почести. Сплотени во едно ја славеа големата победа на македонскиот национален тим против Италија, европскиот првак кој се обиде преку нас да го обезбеди местото на Светското првенство.  Фотографиите што ни ги испрати Марјан Јовановски зборуваат за тоа што се случуваше синоќа на плоштадот во Скопје. Знаат Македонците да се сплотат за вакви успеси.

Македонија на теренот се покажа цврста и сугурна, трпелива и го чекаше својот момент. А  тој дојде во 92. минута кога Трајковски со брз и луциден потег ја „реши“ италијанската одбрана.

Македонско славење на „Ренцо Барбера“, во Палермо, во Скопје, во сите градови низ Македонија но и низ сите градови ширум светот каде што живеат Македонци.

Радувај се Македонија ова се моменти за паметење!!!

Благодарност до Марко Јовановски за фотографиите

Видео од Ју-тјуб каналот: CGTN Sports Scene

 

ПретходноУЕФА прашува: Кој беше нашиот најдобар играч на мечот со Италија?
СледноИталија е во пеколот, Ден на жалост на „Чизмата“… насловите низ италијанските и светските медиуми