Сите го дадоа максимумот, Трајковски го постигна решавачкиот гол, Алиоски спаси чист гол, но според УЕФА, односно партнерот на УЕФА –Fedex, најдобар играч на мечот бил Висар Муслиу. И не само што бил најдобар туку бил и втор најдобар играч на сите вчерашни полуфиналиња. Пред него е само Герет Бејл од Велс, додека трет е Отавио од Португалија.
Секако дека Муслиу одигра извонредно, без грешка, како што вообичаено го прави кога игра за Македонија.
Браво Висар, такво издание очекуваме од тебе и во вторник на „Драгао“ кога се решава патникот за Мундијалот во Катар.