ЛЕЛЕ, КАКВА МАКЕДОНИЈА? Ова е нешто фантастично. Ова е прекрасно, БОЖЕСТВЕНО.
Но Македонија не запира тука. Сега одиме во Порто, одиме на “Драгао“, одиме да ја завршиме работата и секако да се чекираме за Катар.
Стефан Ристовски пред неколку месеци, кога ја дозна веста дека во плеј – офот прво играме со Италија, а потоа ако победиме и со Португалија, изјави.
„Еј, па ако се пласираме во Катар уште веднаш да ни го дадат трофејот, не мора да се игра Мундијалот. Но, не се предаваме, прво Италија па потоа Португалија. Се е можно“.
Да, Стефане, да капитену, па ти погоди.
А сега што правиме на “Драгао“.
Ти еднаш го сопре Роналдо, ајде и вторпат.
Можеш да му порачаш на CR7…
“Кристијано– моќната Македонија доаѓа. Сега со Елмас и со Костадинов плус во Порто. Кики – ЧУВАЈ СЕ“…