Трајковски ја донесе топката со која ја тресеше мрежата на Италија: Да уживаме во овој момент!

707

Александар Трајковски ја урна Италија на колена. Македонскиот репрезентативец на добро познатиот терен ја затресе мрежата на актуелниот европски првак и ја стави во транс цела Македонија.

Трајковски долго време беше дел од Палермо, па признава дека му е мило што се запиша во листата токму на добро познатиот терен. Тој говореше за моментот додека топката „леташе“ кон противничкиот гол.

„Среќен сум што дојдовме до победата. Секако среќен сум и за голот, го дадов на теренот каде што минав четири години, го дадов со последна сила. Да уживаме во овој момент, а потоа здравје ќе видиме, во вторник не чека нов и тежок меч.

Од почетокот мислев дека ќе оди надвор, потоа видов дека дадов гол. Не можев да верувам. Судијата веднаш сигнализираше дека ќе биде проверен голот, знаев дека топката не ме удри во рака. Пред мечот со Италија реков дека сакам да не потценат, искрено посакувам истото да се случи и со Португалците, иако не верувам во тоа бидејќи сите сега видоа колку квалитетна репрезентација е Македонија“, рече Трајковски, кој со себе ја понесе топката со која завери финале.

ПретходноХероите слетаа во Скопје: Момците се скромни, цврсто газат по земја (ФОТО)
СледноВерати: Ова е кошмар, а можевме да се бориме и за светската титула