Репрезентациите на Уругвај и Еквадор се пласираа на Светското првенство во Катар од Јужноамериканската квалификациска зона. Уругвај во директен дуел славеше дома против Перу со 1:0 што беше доволно пред последното коло да обезбеди недостижни четири бода предност.
Де Араскаета го постигна единствениот гол на мечот во Монтевидео во 42. минута. Перу се обиде да се врати во живот, а во судиското продолжение се случи драма, кога голманот на Уругвај направи кикс и самиот ја внесе топката во голот. Всушност тој сакаше да фати долга топка, а на крајот влезе во голот и ги испружи рацете за и топката да не влезе во голот со него. ВАР ја анализираше ситуацијата и оцени дека таа не ја поминала гол линијата со цел обем.
📌 Nos muestran evidencia que los peruanos estábamos equivocados y seguimos diciendo que fue “Fraude”
📌 Me hace acordar a las últimas elecciones presidenciales en las que perdió @KeikoFujimori 😋#peruvsuruguay #Peru #Uruguay #VerguenzaMundial #VAR pic.twitter.com/PI5UEjNJFM
— daniel paz (@danielpaz1010) March 25, 2022
#TotusDeportes | La polémica en el cierre del Perú vs. Uruguay por las Eliminatorias.
(Fuente: América Televisión) pic.twitter.com/4qWQcI5rWk
— Totus TV (@TotusTVDigital) March 25, 2022
Со самото тоа во Катар се пласираше и Еквадор кој веќе беше во одлична ситуација, па поразот од Парагвај со 3:1 не му наштети затоа што му одговараа преостанатите резултати меѓу кои и поразот на Чиле од Бразил со 4:0 на Маракана.
Од оваа зона веќе се познати четворицата патници на СП во Катар, а покрај Еквадор и Уругвај одамна место на Мундијалот обезбедија Бразил и Аргентина. Перу моментално е петто пласиран и во позиција за бараж, но блиску се и Колумбија и Чиле. Расплетот за тоа петто место ќе го видиме во последното коло.