Голот е гол, ама ова е моментот за кој плаче Италија – БРАВО ЏАНИ!!!

8707

Јасно е дека Трајковски е гол – мајсторот. Со неговиот перфектен шут во 90+2. минута Македонија ја победи Италија среде Палермо со 0:1. Победа за влез во финалето од плеј – офот за пласман на СП во Катар.

Да, голот е гол, но како што се гледа од фотографијата се чини дека ова е моментот за кој плаче Италија.

Имено на 0:0 Берарди беше во супер ситуација, шутираше и кога сите на “Ренцо Барбера“ и покрај ТВ екраните дека е гол, од земја како да изникна Џани Алиоски и го блокираше шутот на домашниот напаѓач.

Италија плачеше, Берарди се чудеше а потоа и му честита на Алиоски.

БРАВО ЏАНИ…

ПретходноМилевски: Македонијо – ова е за тебе!
СледноСејдини, човекот кој безрезервно верува во фудбалерите: Овие јунаци се најубавата приказна од Македонија!