Ноќта ќе биде долга за сите во Палермо, а има и зошто. Македонија дојде во Италија, го урна европскиот првак и се најде на чекор до финале за пласман на Светското првенство во Катар.
Оние кои дојдоа да ги бодрат фудбалерите од лице место нема за што да жалат, го добија најубавиот подарок, победа.
По едно вакво сценарио никој не спие најмалку фановите во Палермо, дојдоа пред хотелот на фудбалерите, заедно го прославуваат триумфот.