Колку е убаво кога се победува, посебно кога се победува една Италија и тоа на нејзин терен. А најубаво е кога победите ќе ти станат навика. А тоа на оваа генерација на репрезентативци и на актуелното раководство на Фудбалската федерација на Македонија, и тоа како им прејде во навика.
Секако затоа и се тие победнички насмевки од Палермо денеска, пред патот за Скопје на првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини, потоа спортскиот директор Дени Масев, секако селекторот Благоја Милевски.
Којзнае, можеби прават планови како да се победи Португалија на Драгао.