Салах и Египет со предност над Мане и Сенегал (ВИДЕО)

197

Во плеј офот за пласман на Мундијалот, но Африканската верзија, репрезентацијата на Египет на чело со Мохамед Салах, вечерва беше подобар од Сенегал на Садио Мане на домашен терен со минимални 1:0. Оваа предност ќе ја однесат на реваншот на гостински терен, а доколку обезбедат конечна победа и пласман на Мундијалот, тоа ќе биде слатка одмазда за поразот во финалето на Африканскиот куп.

Клучен момент на овој дуел беше автоголот на Сисо.

Камерун загуби од Алжир со 0:1 со голот на Слимани додека пак, Тунис беше подобар од Мали исто така со 1:0. Конго и Мароко одиграа 1:1, додека пак Гана и Нигерија одиграа без голови. Ниту една од сите овие репрезентации не може да каже дека со сигурност ќе патува за Катар пред реваншите.

ПретходноДрагао ќе прими 2500 навивачи од Македонија, домаќините веќе го исполнија капацитетот
СледноСимиќ со 20 поени против Олимпијакос