Наковски Волеј имаше сили само за еден сет против Работнички

501

Лидерот на табелата во плеј-оф делот кај дамите, екипата на Работнички, оствари уште една важна победа во битката за шампионскиот пехар. На тешкото гостување во Струмица, одбојкарките на скопскиот состав славеа со 3:1 против одличниот тим на Наковски Волеј, кој добро го отвори мечот, но комплетно падна во продолжението.

Дтрумичанки го добија првиот сет на разлика и тука како да загубија здив. Следуваа два доминантни сета во прилог на гостинките и последниот четвртти во кој домашните комплетно потфрлија.

Вредна победа обезбедија и шампионките од Јанта Волеј КВ кои со 3:1 славеа на дуелот со вотриот струмички тим во елитата и ја остварија 13-тата победа.

Прва лига (жени), Втора фаза-1 (5.коло)

Наковски волеј – Работнички Скопје             1:3 (26:24, 19:25, 20:25, 8:25)

Струмица жени – Јанта волеј КВ                 1:3 (19:25, 25:20, 17:25, 21:25)

Прва лига (жени), Втора фаза-2 (5.коло)

Универзитет во Тетово – Вардар жени                    0:3 (20:25, 14:25, 15:20)

Фит фан волеј – Пелистер волеј                               3:0 (25:23, 25:20, 25:22)

ПретходноШпанија во 90. минута до победа над Албанија (ВИДЕО)
СледноПолицијата ги апсеше хулиганите по дербито меѓу Вардар и Е. Пелистер (ВИДЕО)