Англија со пресврт подобра од Швајцарија, Ирска извади реми со Белгија (ВИДЕО)

175

Во еден од најинтересните денешни фудбалски пријателски дуели, селекцијата на Англија ос пресврт успеа да слави над Швајцарија со 2:1. Швајцарците изненадувачки поведоа на „Вембли“ со голот на Емболо во 21. минута, по што следуваше еден прекрасен гол на Лук Шо во судиското надополнување за 1:1 на полувреме.

Oдлучувачките 2:1 беа дело на хари Кејн со гол од белата точка.

Ирска, пак, во пријателски натпревар ја пречека Белгија, првопласираната селекција на ранг-листата на ФИФА и успеа да се избори за реми, 2:2.

Избраниците на Роберт Мартинез поведоа во 12. минута, со голот на Мичу Батшуаи, но домашните успеаја преку Огбене да израмнат и на полувреме да заминат со егал, 1:1.

Белгијците дојдоа до второ водство и во вториот дел со голот во 58. минута, а овојпат стрелец беше Ванакен. Сепак, на крајот Ирска не ги разочара своите навивачи, а ремито на домаќинот му го донесе Алан Браун од Престон со гол во 85. минута.

Бугарите кои се наш противник во Лигата на нации беа поразени од домаќинот на СП оваа година, Катар со 2:1.

ПретходноИ во Кавадарци без победник, Алкалоид го освои Неготино, Пролет „живна“
СледноЕнрике: Ако не успееме на СП 2022 не треба да ме бркаат, сам ќе си одам