Барди со порака до ФИФА: Ако ја победиме Португалија дајте ми го пехарот одма, не мора да одам во Катар!

5476

Енис Барди, еден од нашите најдобри фудбалери, клучен играч во средниот ред, во Палермо беше еден од централните фигури на теренот при победата на Македонија над Италија. Секако дека кај него е големо задоволството по мечот на “Ренцо Барбера“, па не е мала работа да се елиминира сегашниот европски шампион. Сега на ред е Португалија.

За медиумите во Шпанија даде интересна изјава, истата како што ја даде капитенот Стефан Ристовски по ждрепката за плеј – офот за пласман на СП.

И Енис Барди имаше порака до ФИФА, се разбира малку и на шега….

Ја победивме Италија, сега на ред е Португалија, ако ја победиме и оваа репрезентација тогаш дајте ми го пехарот од СП одма, не мора да одам во Катар“ истакна покрај другото нашиот репрезентативец.

ПретходноАталанта го урна Голден Стејт
СледноНационалите денеска од 16 часот на тренинг, за Порто се лета утре попладне!