Вардар 1961 и Е.Пелистер во нова битка за тронот!

341

Битката за тронот во македонскиот шампионат меѓу Вардар 1961 и Е.Пелистер продолжува денеска. Актуелниот македонски првак е домаќин на битолските ракометари, дуелот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот.

Избраниците на Давид Дејвис во плеј-офот влегоа со максимален број на бодови, имаат предност пред директниот конкурент за титулата, па победа на денепната средба ќе значи голем чекор кон одбрана на тронот.

Ракометарите на Вардар 1961 на оваа средба ќе влезат со посебен мотив, нивните верни фанови „Комити“ слават јубилеј, 35 години од нивното постоење, се очекува да биде вистински празник.

Покрај оваа средба денеска играат Охрид – Бутел Скопје (18 часот) и Тиквеш Е.Пелистер (19 часот).

Во рамките на плеј-аут лигата ќе се сретнат Пролет – Струга (18:30 часот).

ПретходноМилевски, Трајковски и Барди ќе добијат дипломатски пасоши!
СледноПортугалија – Македонија: Влезниците за македонските навивачи по цена од 820 денари!